Екипата на Пелистер има мали шанси во реваншот против полски Лех од Познањ по високиот пораз на првиот меч (4-0) во рамки од квалификациите за Лигата на Европа.
Дополнителен проблем за пелистерци ќе биде пречекот на гостинот од Полска во Струмица, стадион кој што е далеку од Битола. Со оглед на тоа со голема сигурност е дека и поддршката за екипата на Наџи Шенсои ќе биде далеку под посакуваното ниво.
Овој четврток комплексот „Младост“ во Струмица ќе биде домаќин на натпреварот, кој првично требаше да се одигра во терминот од 19.00 часот, но поради осветлувањето и недоволниот број на лукси на стадионот, поместен е за два часа порано, односно ќе започне во 17.00 часот.
Фудбалерите од Битола се надигруваа во Полска само 20-30 минути, кога примија три брзи гола и практично го загубија натпреварот уште во првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени четворица кои биле завеани од снег на Пелистер
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар се засили со тројца фудбалери од Пелистер
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа