| четврток, 6 декември 2018 |

Порнофилмови, дрога, камшици: Лампард има сериозни проблеми

Приказната сепак нема многу допирни точки со Лампард, кој веќе неколку години ја изнајмува својата вила на еден непознат клиент

На легендарниот репрезентативец на Англија Франк Лампард сигурно нема да му се допадне информацијата која ја пласира британскиот таблоид “Сан”.

Поранешниот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Челзи се најде на насловната страница од неделното издание, а под неговата слика стои наслов кој гласи: “Куќата на Франк Лампард, се користи како секс- објект од страна на една доминантна жена која дила кокаин и сака со камшик да ги воспитува своите клиенти”.

Приказната сепак нема многу допирни точки со Лампард, кој веќе неколку години ја изнајмува својата вила на еден непознат клиент.

Сепак, англиските медиуми открија дека вилата е изнајмена од Давина Вуд, која е поранешна шампионка во бодибилдинг и која продаба кокаин, сексуално ги малтретира своите клиенти во вилата која вреди околу 2 милиони фунти.

Во текстот пишува дека вилата е лоцирана во близината на едно елитно основно училиште и дека е посетувана од голем број лица.

Клиентите плаќаат околу 500 евра за еден часа. Толку чини услугата на Давина која наплаќа дополнителни 120 евра за снимање на порно филмови во таков амбиент, пишува “Сан”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top