| четврток, 6 декември 2018 |

Германските фудбалери влетаа на пресот на селекторот Лев и ја прославија титулата (видео)

Германија за првпат во својата историја го освои трофејот во Купот на Конфедерации, а фудбалерите беа и тоа како задоволни што стигнаа до големата победа.

Прославата траеше долго време на теренот, а потоа се префрли во соблекувалната, за да заврши со прекин на прес-конференцијата на голманот Тер Штеген и тренерот Јоаким Лев.

Во финалето, Германците беа подобри од Чиле, а трагичар на мечот беше Марсело Дијаз, кој направи катастрофална грешка при победничкиот погодок на Штиндл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top