Арачиновци си ги продаваат возилата за да копаат бунари, бидејќи новиот живот не им го реши деценискиот проблем во селото. Иако Заев ја однесе победата во Арачиново, што се случува првпат во самостојна Македонија македнска партија да победи во чисто албанска средина, арачиновци не видоа аир од ветувањата на Заев.
За почеток, наместо да одмораат безгрижно на летниот распуст, децата од селото полнат вода за пиење за семејството од единствената чешма во селото, од која со вода за пиење се снабдуваат повеќе од 500 куќи.
Нухи Ајдини во изајва за ТВ 21 вели дека за да го реши својот проблем, принуден е да го продаде својот камион за да ископа бунар.
–Решивме да ископаме бунар бидејќи без вода нема живот, ние имаме можност за тоа, но што да прават тие што немаат. Тие што немаат бунар, вода полнат од чешма, вели арачиновецот Ајдини за телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)