| четврток, 6 декември 2018 |

Шакира потфрли со изборот на фустан, сопругата на Фабрегас ја засени невестата

Во петокот во родниот град на Меси, Росарио се одржа аргентинската свадба на деценија на која присуствуваа голем број на фудбалски ѕвезди, а сопругата на шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас очигледно го привлече целото внимание на свадбата на Меси и ја фрли во сенка невестата Антонела. Иако се шпекулираше дека нема да биде поканета, меѓу гостите беше и Шакира, која според модните критичари навистина потфрлила со изборот на облека кој го одбрала за свадбата која будно ја следеа сите светски медиуми. Ѕвездата на свадбата се појави со фустан кој претходно го носеше на еден од нејзините видеозаписи. Меѓу искритикуваните од модните критичари за изборот на облека беше и мајката на Меси која одбрала фустан со иста боја како и невестата. За овој „светски настан“ медимумите пишуваа: Леонел Меси конечно го кажа судобоносното „ДА“ на својата пријателка од детството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top