Прототипот се состои од кацига, која го покрива и штити лицето и главата на војникот, и оклоп за телото, кој претставува производ на врвна технологија на иднината. Оклопот има таканаречен егзоскелет, чија намена е да го зголеми перформансите и издржливоста на војникот во борба.
-Ова е наша визија за борбено одело на иднината, кое би сакале да го направиме во следните две години. Работиме со руски компании специјализирани за различни елементи на борбена опрема, што треба да им помогне на војниците на бојното поле, вели Олег Чикарев од Централниот изтражувачки институт за прецизни машини, еден од главните руски
конструктори на оружје.
Оделото, претставено во четвртокот, дел е од новиот воен проект „Легионер“, кој подразбира и развој на софистицирано оружје, комуникациски системи и дополнителна опрема за потполна заштита на војниците од куршуми и гелери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)