| четврток, 6 декември 2018 |

Забава за сите генерации на „Златни денови“ во Кратово

Првата ноќ од четвртото издание на „Златни денови“ Кратово ги отвори портите на илјадници посетители од цела Македонија и од Балканот. Музиката на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ Кеба, Јана Бурческа и Слаткар го исполнија градот со незаборавна атмосфера.

Вечерта беше посветена на спојот на македонската музика, кафанските песни за душа и поп музиката. Изведувачите покажаа дека постои совршената синергија на различни стилови кои ја понесоа публиката во содржајна еуфорија. Лица од секоја генерација можеа да се видат како уживаат и се забавуваат. Вистинско доживување за одличниот почеток на „Златни денови“ во Кратово.

Втората вечер со нетрпение се очекува настапот на нашата најголема пејачка и музичка ѕвезда, Калиопи. Таа ќе го исполни Кратово со спомени од нејзините најпознати и најубави песни. Истата ноќ ќе настапат Етно составот – Вез од Штип, познатите рокери Пеперминт и Tribute to Бјело Дугме.

„Златни денови“ традиционално ја води Лила Стојановска, а забавата продолжува со познати Ди Џеи во базен дискотеката во Кратово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top