Еден маж и две жени го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќе која вечерва се случила на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано „Црна Точка“.
Во несреќата учествувале две возила, марка „голф“, со велешки и кумановски регистерски ознаки.
Според првичните информации на полицијата во кумановскиот „голф“ имало четири лица, еден маж, две жени и дете. По несреќата на лице место животот го загубиле мажот и едната жена, додека втората починала во велешката болница.
Детето кое било во возилото со повреди е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, но нема детали за неговата здравствена состојба.
Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид, а се преземаат и мерки за утврдување на идентитетот на починатите лица.
Сообраќајот на овој регионален пат од 20:15 часот е затворен во двата правци.
фото: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.