Равенката е јасна – силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија и обратно, ослабено ВМРО-ДПМНЕ значи ослабени македонски позиции. СЈО е само еден од инструментите кои се користат за некои пошироки процеси во Македонија кои треба да резултираат со тоа да Македонците бидат принудени и едноставно се помират со тоа да го немаат она што го имаат останатите балкански народи, во прв ред мислам на идентитетот и државноста – изјави пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за „Алфа телевизија“.
Според него, СЈО само го докажа тоа што целата јавност го знае, дека е инструмент во рацете на СДСМ за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ и дека е инструмент во вкупната операција за ослабување на Република Македонија.
Истовремено, вели пратеникот, гледаме дека има една поширока операција која за цел ги има ослабување на позициите кои ги има Република Македонија и внатре и надвор.
-Мислам дека тие инструменти кои стојат на располагање ќе бидат и тоа како активирани. Дали ќе бидат неколку медиуми кои ќе сакаат да ги убедат граѓаните дека Македонците немаат право на идентитет или дека тоа треба да нешто поинаку, дали тоа ќе бидат вакви СЈО операции, дали ќе биде Владата или коалициони партнери или дипломати ќе видиме, но јасно е дека станува збор за поширока операција. Ако ги погледнеме овие историски закономерни притисоци кон Македонија, тоа не е ништо ново, но ние сме тестирани и каколуѓе и како народ и како заедница со тоа што сме ја докажале нашата опстојност, па ќе ја докажеме и овој пат, вели Ѓорчев за Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)