| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилковски: Медиумите имаат многу повисока цел од она што значи демократија во потесна смисла

Медиумите имаат многу повисока цел од она што значи демократија во потесна смисла. Нивна цел е да ги заштитат националните и државните интереси и тоа било и ќе биде во секоја уредувачка политика, затоа што исто беше и во претходниот систем, пред осамостојувањето, пред плурализмот во Република Македонија, смета Наум Стоилковски од „Република“ на денешната дебата посветена на слободите и заканите за медиумите.

Според Стоилковски, медиумите во Македонија се грижеа за развивање на националните и државните интереси.

– Точно е и јасно е дека медиумите се главната алатка на демократијата. Опозицијата и медиумите се чувари на демократијата, но она што кај нас се заборава во моментот во Балканот и посебно во Република Македонија во последните неколку години е дека и тој редослед не е случаен, не случајно националното е пред државното, бидејќи нациите излегуваат пошироко од границите на државата – вели Стоилковски.

Според новинарот на „Република“ токму државните и националните интереси се загрозени преку договори и други скриени документи од кои добиваме информации само на лажичка.

– Дали било тоа откажување од Македонците кои се вон границите на Македонија, дали било негирање на националните идентитетски прашања како што се историјата и јазикот. Дали некои од меѓународните организации стана за да ги заштити новинарите коишто беа напаѓани, а кои однадвор се определуваа  како режимски или се вршеше атак со лажни обвинувања што се ширеа преку медиумите кои застапуваат друга страна. Се ништат медиумите кај кои предничи националниот интерес и за тоа се молчи. Молчат не само домашните институции, но и од меѓународниот фактор кој постојано инсистираше на слобода на медиумите и слобода на кажаниот збор. Мочлат за она што се случува во медиумскиот простор – истакна Стоилковски.

Според него, доколку она што сега се случи со печатените медиуми, се случеше пред три години реакциите ќе беа поинакви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top