| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалот е развиена индустрија, англиските клубови со приход од 2,5 милијарди фунти

Фудбалот во развиените земји стана вистинска индустрија со огромни приходи за клубовите, а челната позиција е за англиските екипи што остварија приход од 2,5 милијарди фунти во сезоната што заврши.

Премиерлигата одамна е ценета марка, а за идната сезона се предвидува и пораст на приходите и за првпат минување на границата од три милијарди фунти.

– Иако се работи за менаџирање во многу сложено економско опкружување, профилот на англиските клубови и стилот на работа кај нив, постојано го зголемува интересот на пазарот и тоа на глобално ниво. Тоа придонесува за пораст на приходите – изјави Ден Џонс, претставник на „Дилојт“, финансиско-консултантска куќа задолжена за анализа на работењето.

Клубовите во Англија најмногу трошат на плати за играчите, а лидер е Манчестер јунајтед со 202 милиони фунти, а најскромни се во Свонс со 35 милиони фунти. Половина од приходите им се од ТВ-правата, 27 проценти од реклами и маркетиншки акции, а 23 проценти од продажба на билети, храна, пијалоци…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top