| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога: Пожар во близина на Чернобил, се шири радијација (ВИДЕО)

Во близина на нуклеарната електрана Чернобил во Украина избил голем пожар.

Локалните власти соопштиле дека пожарот избил во шумата која ја опкружува електраната во Припјат. На местото на пожарот веќе се пратени два авиони и хеликоптер.

Украинската Инта служба соопшти дека пожарот избил во текот на сеча на дрвја.

-Во 12:35, во тек на технолошки работи на сеча во зона со ограничен пристап зона за задолжителна евакуација, изби шумски пожар, се наведува во соопштението на Итната служба.

На тоа подрачје во моментов се наоѓат околу стотина пожарникари и 22 противпожарни возила кои се ангажирани за гаснење на пожарот.

Одредени локални медиуми пишуваат дека огнената стихија досега зафатила подрачје од најмалку 25 хектари.

Во таа зона пред две години избија неколку шумски пожари кои можат да бидат многу опасни затоа што поради доаѓа до ширење на радиоактивни честички од дрвја и билки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top