Најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, може да излези на крај со сите дефанзивци на денешницата, но не можеше да го избегне стартот на прекрасната Антолена Рокусо.
Пред неколку часа, во родниот град Росарио, со брак беше крунисана врската помеѓу Меси и Антолена.
Аргентинските медиуми дојдоа до менито кој познатиот фудбалер и неговата вереница ги избрале.
Од ладни предјадења, гостите можеа да избираат меѓу разни видови шунки и сирења, додека за главно јадење имаше аргентиснки стек, зачинети колбаси и пилешко на ориз. За оние кои не се љубители на месото беше обезбедено суши.
Комплексот каде што се одржа свадбата беше чуван од 200 агенти, а имаше и голем екран пред комплексот каде заинтересираните фанови ја следеа самата венчавка.
На венчавката беа поканети голем број ѕвезди, како и цела екипа на фудбалскиот клуб Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)