Невреме, проследено со силен ветер и поројни дождови, го зафати реонот на рускиот главен град Москва, јави ТАСС.
Руското Министертсво за вонредни состојби соопшти дека силиот ветер на места дувал со брзина од 19 до 24 метри во секунда, при што упати предупредување до граѓаните за можните последици од ваквото невреме.
Градската управа на Москва информира дека во некои делови на градот наврнал дожд чие количество е еднакво на 70 проценти од месечното ниво на вврнежи за овој период од годината.
Соноптичарите предвидуваат дека ваквото време ќе продолжи и во следните денови.
Поради невремето до претпладнево се одложени или целосно откажани речиси 500 летови од трите московски аеродроми – „Домодедово“, „Шерметиево“ и „Внуково“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.