| четврток, 6 декември 2018 |

Додека СЈО бара притвор за челниците на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири ветува слобода за терористите од „Монструм“ и „Диво Насеље“

Додека во Кривичниот суд се одлучува по барањето за протвор на истакнати високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Зекири врши притисок врз судството, потсетувајќи ги судиите во која насока треба да одлучуваат. За него независно судство е она кое по секоја цена ќе ги стави зад решетки оние кои му претставуваат вистинска пречка на СДСМ на патот за разнебитување на Македонија, а ќе ги ослободи терористите од Смиљковско Езеро и од Диво Насеље. Очигледно криминалците му се повеќе од потребни на СДСМ во моментов

СЈО на истекот на мандатот од петни жили се обидува да ги тргне настрана, а најсигурно да ги затвори, челниците на ВМРО-ДПМНЕ и да му го отвори патот кон реализацијата на зацртаниот план на СДСМ, потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и донесувањето на Законот за јазиците од Тиранската платформа, a заменик-претседателот на СДСМ Мухамед Зекири ја опипува атмосферата на Фејсбук со „невини“ постови за независнста на судството.

Додека во Кривичниот суд се одлучува по барањето за протвор на истакнати високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Зекири врши притисок врз судството, потсетувајќи ги судиите во која насока треба да одлучуваат. За него независно судство е она кое по секоја цена ќе ги стави зад решетки оние кои му претставуваат вистинска пречка на СДСМ на патот за разнебитување на Македонија, а ќе ги ослободи терористите од Смиљковско Езеро и од Диво Насеље. Очигледно криминалците му се повеќе од потребни на СДСМ во моментов.

„Без правна држава, нема да имаме ниту држава. Секој кој се огрешил на законите мора да одговара!!!
А ќе нема правда додека и последниот наш граѓанин невин или жртва на режимот лежи во затвор. 
Мора да се откријат вистинските убијци на децата кај Смилковско езеро и нивните нарачатели, мора да се расчисти случајот Сопот, да се најдат вистинските убијци на Нешковски а не во затвор да лежи човек кој не го извршил делото, мора да се расветли случајот Никола Младенов, мора да има одговорност за 27 април и да се открие кој ја опљачка државата и на нејзин грб се збогати!!!“

На статусот на Зекири остро реагира новинарот Саше Димвски, кој го потсетува поптпретседателот на партијата на власт дека доколку досега немало „правна држава“ во која вистината ќе излезе на виделина, сега, кога се на власт, имаат можност да ја испратав грешката.

Престанете да манипулирате со Смиљковско. Гледам дека истото го прават и сите медиуми на албански. Сега, кога си на позиција потпретседател на ВЛАДЕЈАЧКА партија, кој ве спречува да иницирате постапка врз основа на снимките кои ги ИМАше СДСМ! Навистина е лицемерно ако во снимките имате докази дека некој друг е, а не обвинетите Вие уште да глумите лудило! Бидете МАЖИ и извадете ги снимките, КОЛКУ И ДА Е БОЛНА ВИСТИНАТА. Смиљковско не може да биде предмет само за добивање политички поени! Како обвинетите и осудени, така и жртвите имаат семејства, реагира новинарот Саше Димовски, исткнат поддржувач на СДСМ.

Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, првоообвинети за масакрот кај Смиљковското Езеро, за Зекири се невини граѓани.

Пред пет години, на 12 април 2012, на Величетврток, кај Смиљковско Езеро беа убиени петимина скопјани на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Паднал договор СДСМ – ДУИ: Заев да не одговара за „Поткуп“, а терористите за „Диво Насеље“ и за „Монструм“

Исто така и поранешните борци на 13 Бригада на УЧК за истакнатиот радикален исламист Зекири се невини граѓани.

Бомба од Диво Насеље: Необјавена фотографија од Зоран Заев во прегратката на терористот Беким Алиу (ФОТО)


За одбрана на земјата на 9 мај 2014 година загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top