По повод нападите врз ВМРО ДПМНЕ, од страна на таканаречените реформатори, еден од неговите основачи Иван Соколов, на својот Фејсбук напиша:
Реформатори или реформисти сеедно. Кога партијата е под најголемиот монтиран фронтален напад од СЈО, како последниот бедем за одбрана на државата, кога напаѓајќи го ВМРО, всушност се сака да се ослаби државата, таканаречените реформатори излегуваат и ја напаѓаат сопствената партија и така си го покажуваат вистинското лице. Паѓаат маските, по ова веќе се е јасно и видливо и за недоволно упатените дека имате нечесна мисла и немате добра и искрена намера. За жал постетувате на хиени кои чекаат момент да нападнат. Но заборавате дека во ВМРО има лавови. И дека ќе победиме. Друг пат немате право да се повикувате на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи преку последното соопштение се гледа дека вие не и мислите добро на партијата. ВМРО е голема партија и поминала многу бури и премрежја, ќе го помине и ова. Но брзо ќе дојде денот кога ќе се срамите од оваа ваша ролја. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да расте и да се шири, затоа што во партијата има многу квалитетни луѓе, кои работат, кои создаваат, кои модернизираат, кои имаат стратегија, кои дејствуваат смирено, но резултатите од нашата работа ќе бидат многу гласни и секако позитивни за сите граѓани. ВИЕ КАКО И ОВА ВРЕМЕ ВО 97-ТА ПРАВИТЕ ГРЕВ ОД КОЈ КЕ СЕ СРАМАТ ВАШИТЕ ПОТОМЦИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)