Во Кратово денеска се поставуваат бините, музичките ѕвездите се подготвуваат, градот се полни и луѓето се раздвижени низ тесните улици и кули уживајќи во староградската кратовска атмосфера и ладниот планински воздух. Сите се во исчекување на првата ноќ од овогодинешната тридневна музичка манифестација „Златни денови“ во Кратово која се одржува 4 години по ред.
И оваа година „Златни денови“ повторно ќе ги собере најпознатите и најдобрите македонски и балкански ѕвезди, кои ќе се погрижат за одлична забава, а манифестацијата традиционално ќе ја води Лила Стојановска.
Настапите на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ – Кеба, Јана Бурческа и Слаткар ќе ја исполнат атмосферата во првата ноќ, петок (30.06.2017), која е посветена на македонска музика.
Втората вечер, сабота (01.07.2017) е резервирана за настапот на Калиопи и етно составот – „Вез“ од Штип, како и „Пеперминт“ и новосаѓаните Трибјут to Бјело Дугме.
По завршувањето на настапите во центарот на Кратово забавата продолжува во дискотеката Кратово каде музика ќе пуштаат познати македонски Ди Џеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.