Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференцијата во врска со обвиненијата на СЈО изјави дека станува збор за политички, а не за правен процес со цел уништување и замолкнување на партијата.
Груевски рече дека СЈО нема кредибилитет бидејќи одлуките биле носени без правни докази и дека претставува канцеларија на СДСМ.
Тој додаде дека обвиненијата поднесени против стотина лица имаат цел заплашување на судиите, новинарите и целиот народ.
– Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминацијаи ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес. Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО, кршење на ВМРО за слабеење на Македонија – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)