СДС денеска излезе со нарачан текст кој преставува монструозна и целосно неточна конструкција, преполна со невистини, болни лаги и манипулации, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на текст објавен во „Слободен печат“, која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.
Патолошкото лажење на СДС станува нивен начин и систем на однесување. Зад ваквата нарачка стои нивната скриена желба што е и главна одлика за секое нивно владеење во државата, а тоа е враќање на рекетарството и уличниот криминал на голема врата. Целта на овие измислици е нанесување на штета врз угледот и честа на Сашо Мијалков и политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ. Освен тоа што веста е неточна, таа е и тенденциозна, особено што досега не бил побаран никаков став ниту мислење од страната на која се однесува текстот.
Ваквите монструозни конструкции во кој полно учество имаат и соросовите гласила, се само продолжување на политичката хајка која ја прави СДС.
Нивната цел е создавање на политичка штета, оцрнување и своевидно ставање на страната на криминалот, штитејќи нивни активисти како Даниел Трајковски кој е повеќекратен престапник на законот, човек кој има досие со десетици кривични дела за насилство, фалсификување, лажни изјави, тепачки, напад на службени лица, трговија со оружје.
Едно е јасно дека со СДС се враќа криминалното подземје, времето на рекетарите, насилниците и престапниците на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)