| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе правилник за хемиска кастрација на педофили

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Министерството за правда итно и неодложно да се донесе правилник за хемиска кастрација на педофили.

– Ова е неопходно да се случи што поскоро бидејќи гледаме дека преку скандалозни написи во јавноста почнува да се турка релативизирање и  оправдување на овој гнасен и подол чин. СДС и институциите молчат по скандалозната колумна на учесникот во шарената револуција Никола Шиндре со која се релативизира и оправдува педофилијата. Ова станува симптоматично бидејќи во исто време квазиекспертите на СДС почнаа да ги оправдуваат ставовите на Шиндре за педофилијата, а од друга страна беше избришан јавно достапниот регитар на педофили- изјави пред Министерството за правда Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа изрази загриженост и повикува да престане индолентниот однос на институциите по ова прашање.

– Сега кога се релативизира педофилијата како кривично дело е вистинскиот момент Министерството за правда да донесе правилник за формата, содржината и начинот на водење евиденција за осудено лице на кое му е изречена мерка медицинско фармаколошко лекување, познат како правилник за хемиска кастрација која ќе се применува за лицата кои вторпат го сториле делото- рече Стаменковска.

Според неа, институциите мора да ги заштитат децата и доколку се донесе правилникот ќе ги одврати сторителите од вакви дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top