Веќе извесно време медиумите пренесуваа дека Кристијано Роналдо стана татко на близнаци благодарение на сурогат-мајка, но славниот фудбалер немаше дадено својот коментар за таа вест.
Пред неколку часа, 32-годишниот Португалец преку пост на Facebook потврди дека доби близначиња и призна дека е пресреќен што конечно ќе ги види за првпат.
-Му служев на националниот тим, како и секогаш, со тело и душа, и покрај тоа што моите две деца беа родени. За жал, не успеавме да ја постигнеме главната спортска цел, но сигурен сум дека ќе продолжиме да ги радуваме Португалците – напиша Роналдо, кој вчера го одигра последниот натпревар за тимот на Португалија на Купот на Конфедерациите.
-Пресреќен сум што конечно ќе можам да бидам со моите деца за првпат – додаде тој.
Неодамна, Кристијано беше фотографиран со сегашната девојка Џорџина Родригез, а нејзиното заоблено стомаче поттикна гласини дека таа е во блажена состојба. Роналдо покрај близнаците го има и својот седумгодишен син на кого има целосно старателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.