| четврток, 6 декември 2018 |

Северина на протест: Цел Сплит на нозе поради одземањето на дете од мајка (Видео)

Северина Којиќ моментално се бори за старателство над синот Александар. Таа вчера излезе на улиците во Сплит за да искаже револт и спречи судските извршители да и одземат дете на една мајка од Сплит и да го предадат на таткото кој живее во Италија.

Бројни познати личности ја поддржаа оваа мајка.

-Го направи она што најдобро го знае, што би го направила секоја мајка за да го заштити своето дете. Се надевам дека ќе и дадат можност, таа не можела да оди во Италија, немала пари за на суд, рече Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top