| четврток, 6 декември 2018 |

Трансферот е договорен, Алиоски се сели во Лидс Јунајтед

После 54 натпревари и со 20 гола и 16 асистенции во дресот на Лугано, македонскиот репрезентативец Џани Алиоски се сели во Англија, јавува Гол.мк. Медиумите од областа Тичино, од каде што доаѓа Лугано, веќе објавија дека швајцарскиот клуб и Лидс Јунајтед постигнале договор и македонскиот интернационалец од идната сезона ќе игра во Чемпионшип.

25-годишниот Алиоски ги договорил сите услови со некогашниот победник на Премиер лигата и официјализација се очекува во текот на следните неколку дена. Алиоски има 13 настапи за македонската репрезентација и еден постигнат гол, а сезоната која што заврши е најдобра во неговата професионална кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top