| четврток, 6 декември 2018 |

Алиоски го прекина постот и погоди за Лидс (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигнал гол за Лидс по пауза од три месеци.

Алиоски на мечот со Дерби, по само неколку секунди откако влезе во игра, му донесе водсто на својот тим од 1-2, откако по вториот обид успеа со глава да го совлада домашниот голман. Сепак, до крајот на мечот неговиот тим не успеа да го задржи водството и натпреварот заврши 2-2.

За македонскиот крилен играч овој гол е негов петти оваа сезона во дресот на Лидс, а прв во оваа 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top