Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото коло од квалификациите на Вимблдон. Таа беше поразена од првата носителка во квалификациите Александра Круниќ од Србија со 2-0 во сетови. Двата сета српската тенисерка ги доби со 6-4 во гемови.
Поголемото искуство на Круниќ на големите турнири беше еден од решавачките фактори за нејзиниот триумф против Ѓорческа, која го имаше своето деби на Вимблдон и воопшто прв меч на тревната подлога.
Ѓорческа попладнево треба да игра и во меч од квалификациите од првото коло заедно со Полина Монова од Русија против американките Ешли Вајнхолд и Кејтин Ворски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.