Три меча од годинашниот гранслем турнир на Вимблдон и еден на Ролан Гарос се под истрага поради сомнение дека се наместени, соопшти Единицата за тениски интегритет.
Станува збор за два меча од квалификациите за лондонскиот гранслем и два дуели од главните турнири во женска конкуренција на турнирите во Париз и во Лондон.
Засега не се открива кои тенисери биле учесници на овие мечеви кои се под сомнение поради невообичаено високите облози на нив низ светот.
Иако ова е 53.случај кој го испитува Единицата за тениски интегритет од април годинава, челниците истакнуваат дека се работи за рутински процедури и дека не е исклучено ова да е само за „лажна узбуна“.
Од вкупниот број на сомнителни случаи што ги испитува ова тело три се од АТП турнирите, еден од ВТА турнирите, а другите мечеви се од понизок ранг на тениските натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.