| четврток, 6 декември 2018 |

Паметен јорган кој грее, лади и сам се дипли (видео)

Koмпанијата „Смартдувет” произведе паметен јорган кој самиот се затегнува и ја регулира температурата, така да купувачите не мораат веќе да се отскриваат во текот на ноќта кога им е жешко, или да го крадат покривачот од нивниот партнер кога им е ладно.

Јорганот е поврзан со контролор преку кој се регулира температурата. Интересно е што истовремено може едната половина да ја грее, а другата да ја лади.

Од компанијата тврдат дека нивниот јорган не е само добар поради удобноста, туку и поради намалување на потењето и спречување на размножувањето на бактерии. „Смартдувет бриз” е еколошки производ .

Не е познато кога овој паметен јорган ќе се најде на светскиот пазар, но неговата цена би изнесувала 359 американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top