Владата на денешната седница разреши неколку директори на институции и на нивно место назначи нови.
Според соопштението од Владата, за нов директор на Службен весник е назначен Мартин Костовски, а разрешен е в.д. директорот Лука Кржалоски. Нов директор е именуван и на Државниот архив каде е назначен Кирил Петров на местото на досегашниот директор Филип Петровски. За нов директор на Државниот завод за статистика е назначен Апостол Симовски, кој доаѓа на местото на разрешената директорка Лидија Костовска.
Кадровски промени има и во Агенцијата за администрација каде за нов директор е именуван Спасе Глигоров на местото на разрешената директорка Жаклина Николовска.
На денешната владина седница разрешен од должноста портпарол на Владата е Александар Ѓоргиев.
Смени има и во Агенцијата за млади и спорт каде за нов вршител на должноста директор е именуван Дарко Каевски, а разрешен е досегашниот в.д. директор Марјан Спасески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.