Фудбалската репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Полска. По изведување на пенали Германија ја совлада Англија со 4:3 откако по продолжението и регуларниот дел беше 2:2. Во решавачката петта серија голманот на Германија Јулијан Полерсбек го одбрани ударот од белата точка на Нејтан Редмонд.
Германија поведе во 35.минута со голот на Дејви Зелке, а шест минути подоцна изедначи Демарај Греј. Англија на почетокот на вториот дел (50.минута) поведе со голот на Тами Абрахам, а изедначи на 2:2 Феликс Плате.
При изведувањето на пеналите, голманот на Германија Плерсбек одбрани два пенала, а голманот на Англија Џордан Пикфорд еден.
Во второто полуфинале во Краков вечерва играат Шпанија – Италија.
Финалето се игра на 30.јуни (петок) во Краков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.