Сега не е време за воведување повисока стапка за оданочување на доходот затоа што ќе има лица или претпријатија кои што ќе имаат губиток од плаќањето на повисок данок од доходот, а речиси и дека ќе нема добитници од овој процес, оценува Трајко Славевски, универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии, кој предвидува зголемени трошоци на компаниите, менаџерите и инженерите.
-Мислам дека ќе бидат погодени лицата кои што располагаат со повисок степен на образование, вештини и пазарот на труд ги вреднува повеќе- истакна Славевски. за вестите на ТВ Алфа.
Ова зголемување на даночната стапка на данокот на доход ќе ги погоди токму странските инвеститори и секако дека ќе влијае на зголемување на трошоците на странските компании, затоа што тие не можат да ги остават да се намалат доходите со зголемената стапка на зголемување на овие професионалци затоа што со тоа тие или ќе ги изгубат своите вработени или ќе треба да им ги зголемат платите за да можат да го надохнадат она што државата ќе го зема како данок, вели поранешниот министер за финансии Трајко Славески во гостувањето на ТВ Алфа.
-Имавме еден период на нетипично однесување на Министерството за финансии каде што им беа врзани рацете во смисла на трошењето на средства и реализацијата на веќе почнатите работи, затоа што постоеја некои законски пречки во периодот пред формирање на владата, најверојатно имаа застој во реализацијата на веќе започнатите бројни проекти и тоа не значи дека тие треба да се прекинат затоа што би предизвикала голема штета, туку да се продолжи со една динамика за да на крајот од годината ги откочи сите оние проекти кои што на некој начин биле закочени, истакна Славески.
Тој потенцираше дека далеку сме од она што го има проектирано новата влада и од потенцијалот на македонската економија која што изнесува некаде 4 проценти и добро би било доколку ние завршиме и со раст од 2 проценти и треба многу да се направи за да се постигне онаа стапка од 5 проценти која ја лицитираше новата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)