Девет илјади настаници го решија својот работен статус на неопределно време со еден колективен договор потпишан од Министерството и Синдикатот (СОНК), посочи пратеникот Драган Данев на денешната панел-дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „ Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во образованието“ го изјави.
-ВМРО-ДПМНЕ на три пати ја зголеми платата на наставниците, за разлика од нашиот политички опонент кој имаше простор, кој имаше начин, на неколку пати, или баререм еднаш, но тоа никогаш не го направи, истакна Данев.
Додаде дека веднаш по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ во 2007. година ги зголеми платите на наставниците за 10 отсто, а за само една години потоа повторно за уште 10 проценти, додека третото зголемување беше во 2014. година во висина од 4 отсто.
-Секогаш кога се има можност, ВМРО-ДПМНЕ има желба има и начини и остварува едно зголемување на платите на наставниците, што исто така, во голема мера влијае на мотивираноста на наставниците во воспитно-образовниот процес. Јас се надевам дека СДСМ која во моментот е владејачка гарнитура заедно со целата коалиција ќе соберат и храброст, ќе имаат енергира и желба пред се и капацитетност да го решаваат во континуитет овој проблем кај наставниците. Односно во неколку наврати ќе го зголемат личниот доход, односно платите на наставниците, потенцира Данев.
Истакна дека наставниците немале таков благодет од СДСМ.
Данев појасни и дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи многу труд и енергија, но и издвои и големи парични средства за воведување на Кембриџ наставните програми, кои како што вели, се навистина на високо европско и светско ниво.
-Со него се прават услови за подобар развој на учениците. Се одвоија средства и имаше голема желба овие програми да бидат инкорпорирани во образовниот систем. Актуелната власт ги проблематизира овие систем и учебници, потенцира Данев.
Појасни дека при имплементацијата на наставните програми на Кембриџ можеби имало пропусти, но оти тие ги даваат саканите резултати.
Данев се надева дека СДСМ ќе ги имплементира овие програми и во средното образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)