Искрено, немав нерви за коментирање на опасно вознемирувачката колумна на Никола Шиндре, иако коментирав по други статуси. И тоа, единствено околу проблематичниот дел во текстот дека “педофилите се маргинализирана група” и дека казните за нив биле ужасни !?! (Види фото 2).
Сето тоа, нафрлено и сокриено, измеѓу други неколку теми во истиот текст за детска сексуалност. Но, сепак доволно отворено, широко и ставено на билборд на автопат, за да ја отвори вратата за јавна дебата ( за или против) и да ги промовира на “мала врата” педофилите како ЖРТВИ, а не како низок профил на луѓе, криминалци, кои злоставуваат деца. Поинаку, немаше да бидат дел од домашниот Кривичен законик и од секој друг во цивилизирани земји.
Но, сега веќе, со јавната поддршка на Мирјана Најчевска, сфатив, дека не само што ќе морам да се огласам, туку и да повикам органите да подигнат кривични пријави против сите оние кои охрабруваат полови напади врз деца во нашата земја и тоа го обландираат во манипулаторски писанија од типот- “само глупи луѓе и вмровци мислат дека педофилијата не е табу тема”.
И инспирирањето на кривично дело педофилија е кривично дело.
Шиндре, вчера, се самодемантираше, па као не бил сфатен, па добил закани (не бе, бајадери ќе ти донесат), но затоа пак привлече луѓе кои експлицитно се произнесоа дека немаат ништо против “консензуален однос меѓу дете и возрасен”.
И кога мислевме прашината слегна, се појави и Најчевска. Да забибери и да ја продолжи “веста во низа”.
Види, Мирјана. Само паметни и цивилизирани луѓе имаат доволно доблест да ви кажат, и на тебе и на Н. Шиндре-“ок, доста ви е, многу се заигравте”. Поточно, прекурчивте !!!
И ова е само почеток, ако продолжиш, ќе мора да бидеме пожестоки во писанијата. Ок, ти си мазохистички консумент на јавни препирки, знам дека ќе уживаш.
Не го пишувам ова за ти да сфатиш, секако нема, собирам луѓе за да реагираме соодветно.
Туку, време ви е, или да се оладите во главите, со др.зборови да си ги ставите во замрзнувач, или да се собереме, најдемократски, илјадници луѓе, и да ви платиме третмани за да ве освестат дека пипкање и злоставување на деца Е ПОГРЕШНО. Сами изберете која услуга ќе ја користите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали
-
Најчевска: Како ќе се примени Законот за јазиците без попис, на жими мајка?
-
Јоци: Затворија две фабрики, државата ја „заболе“
-
Јоци со порака до Заев: Денес конечно ќе сфатиш дека имаш арамии и џаболебари советници, отпушти ги