По вчерашната посета на затворот Идризово каде Заев срдечно се ракуваше со убиецот на Мартин Нешковски, јавноста бурно реагираше на неговите активности, како и најавите за амнестија на криминалци и престапници.
Со порака до Заев за овие негови активности излезе и политикологот и поранешна долгогодишна новинарка, Јорданка Ивановска – Јоци која му порача дека има „арамии и џаболебари советници“.
– Е, Заев, конечно денеска ќе сфатиш дека имаш армија советници во Влада само за селфија и парадирање, твитер ку*отресини и фб џаболебари, кои, ги прибра и ги плаќаш за џабе-сите тие, денеска, те наместија да се сликаш со Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски. Да беа прави професионалци, а не куртони и нули, ќе ти посочеа дека е многу лоша идеја да се шеташ и да се поздравуваш со убијци на луѓе, деца, жени. Отпушти ги, неупотребливи се, вели таа во својот ФБ статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.