| четврток, 6 декември 2018 |

Најчевска: Како ќе се примени Законот за јазиците без попис, на жими мајка?

,,Јас повторно ќе прашам: како ќе се примени Законот за јазиците без попис? На жими мајка? Како да знам дека етничките Албанци во Македонија се 20% од населението кога не знам колку население има во Македонија?

Или не смеам да барам попис затоа што е тоа израз на албанофобија? И не смеам да барам примена на одредбите на законот на правен начин затоа што е тоа албанофобија? И не смеам да кажам дека ова што го усвоија пратениците нема врска со законски текст затоа што е тоа алванофобно?

Мене ме етикетирате како албанофоб? Навистина?

За правото се работи и тврдам дека само ригидна примена на правото може да ги заштити правата на луѓето, а не политички памфлети кои имаат наслов закон.
Престанете да браните неправо во име на правата. ЗАКОНОТ Е ГЛУП!“-напиша професорката Мирјана Најчевска на својот ФБ профил.

Таа претходно објасни зошто Законот за јазици, како што вели, нема врска со правото:

,,Али Ахмети и неговата корумпирана апашка партија која ги вози жедни преку вода Албанците во Македонија последниве десетина години, си ја постигна целта. Издејствува да биде донесен закон кој нема врска со правото.

Донесувањето на Законот за јазиците не е наменет за зголемување на правата на Албанците во Македонија, ниту за поудобен живот на сите, ниту за развој на демократијата.
Тој е толку неправен и толку бесмислен што во секој момент може да биде искористен за создавање етнички тензии, за дефокусирање на граѓаните од бедотијата во која живеат и за понатамошно опстојување на политичките партии кои ќе си го делат колачот врз етничка основа.

Важно е да има неправен текст кој може да биде толкуван на најразлични начини и сите да се пенават околу неговата примена додека крадците си крадат и убијците си убиваат и додека цела држава тоне во етнолудило.

Многу ми е жал што многумина не го гледаат ова и дозволуваат еден полуписмен криминалец да ги манипулира на најдолен можен начин.

Ај за десетина години ќе ви пукне пред очи“-пишува Најчевска.

извор: ako.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top