Стотици членови и приврзаници на грчката националистичка организација „Златна Зора“ вчера со запалени факели протестираа во Солун, со симболична порака дека ќе горат сите што ќе направат велепредавство и ќе се согласат со употребата на името Македонија во варијантата за финално решение.
Според „Златна Зора“, зборот Македонија не смее да биде дел од името на северниот сосед. Протестот е упатен кон умерената реторика на грчката влада која по посетата на Никола Димитров најави дека ќе ја поддржи Македонија на патото кон ЕУ и НАТО ако се најде решение за името.
-Златна Зора е подготвена да се бори и против Скопје и против предавниците кои што ќе дозволат кражба на грчко – македонското историско и културно наследство од варварите од Север- гласи пораката од митингот.
Во неколку наврати предходно членови на оваа партија ги блокираа граничните премини Меџитлија и Богородица во знак на протест на употребата на иммето Македонија од владата во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)