| четврток, 6 декември 2018 |

Кибер- напад врз британски јавни здравствени установи

– Кибер нападот, кој беше извршен врз компјутерски системи во околу сто држави во светот засегнал 20 отсто од 248-те јавни здравствени установи во Велика Британија, но во моментов сите, освен шест работат нормално, изјави британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад.

Со најмалку 74 илјади хакерски напади со софтвер, кој го блокира компјутерот и не дозволува негово користење се додека на хакерите не им се исплати откуп (rensomver) опфатени беа околу сто држави во светот, а користен е вирусот, кој експертите го викаат „WCry“ или „WannaCry“.

Рад по денешната вонредна седница на Владата посочи дека со вчерашниот кибер напад се засегнати 48 од вкупно 248 јавни здравствени установи, од кои повеќето ја нормализирале својата работа.

Таа не прецизира во каква состојба се системите на останатите шест установи, ниту кажа каде тие се наоѓаат.

Голем број британски болници беа погодени од компјутерскиот вирус вчера, а некои од нив беа принудени да ги откажат или одложат лекувањата на своите паценти, дури и на оние со тешки заболувањеа како рак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top