| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски чека трето дете, второто во август полни година (ВИДЕО)

Пратеникот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Антинио Милошоски е еден од ретките политичари кои со нескриена среќа зборуваат за своите деца. Тој редовно споделува фотографии од синот Давид и ќерката Дарија, која во август ќе наполни една година.

Наскоро Милошоски и неговата втора сопруга Симона ќе имаат причина повеќе за радување – тие го чекаат второто заедничко дете, кое на Антонио ќе му биде трето.

Блиски на политичарот се шегуваат дека тој е во мртва трка со Влатко Ѓорчев, кој засега има четири деца од бракот со Американката Сузан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top