Охридската полиција ја привела Милка Митревска, директорката на „Сузуки“, фирмата која стопанистуваше со паркинзите во општина Охрид. Спроед првичните и неофицијални информации на прес24 директорката е уапсена поради узурпација на земјиште. Таа и нејзините вработени продолжи со наплата на паркингот и покрај прекинатиот договор и неколку пати укажување на тоа.Денеска пред новинарите Митревска призна дека продолжува со работа и порача дека „нема правен основ за прекинување на договорот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


