
Дали е и Прличев грешка во учевбниците и ќе биде избришан за да не ги наруши „добрососедските односи“ со „братска Бугарија“? Благодарение на погубната политика на СДСМ и Зоран Заев бугарскиот новинар Виктор Козунов новинар на македонска национална телевизија тврди дека Григор Прличев не бил Македонец, туку Бугарин.

Контроверзниот новинар Виктор Канзуров, кој се претставува како македонски Бугарин, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија излезе со скандалозно тврдење дека вториот Хомер, најголемиот македоски поет во 19 век Григор Прличев бил Бугарин.
–Ајде да отвориме или да ги видиме нашите преродбеници, како си го кажувале нивниот јазик на кој зборуваат. Григор Прличев е Бугарин, вели Канзуров во дебатата со аналитичарот Тодор Пендаров.
Неоткривањето на Зоран Заев што вклучува договорот за добрососедство за кој тој се согласи при посетата на Софија, поттикнува вакви националистички изјави на Македонци вљубеници во бугарската историја кои немаат врска со вистината.
Благодарение на попустливите политики на СДСМ и Заев, се погласни се ваквите изјави на историчари новинари и политичари во Бугарија, но денеска гледаме и дека на македонска национална телевизија се пласираат антимакедонски изјави со кои се гази врз нашата историја дури и од страна на сомнителни ликови, каков што несомнено е Канзуров.
За каква личност станува збор може да се види со обично „гуглање“ на неговото име, при што ќе се дојде до информација дека истиот овој Канзуров кој сега тврди дека Прличев бил Бугарин, во април 2008-ма година беше приведен во Скопје.
Тогаш македонската полиција тврдеше дека тој бил приведен поради самозадоволување во интернет клуб во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, пред очите на многу присутни. Откако бил пријавен и приведен во полицијата веднаш го препознала една девојка која била присутна во интернет клубот.
Политиката на Заев и СДСМ доведе до тоа да сега еден ваков профил на човек, на македонска национална телевиизја да излегува со скандалозни тврдења дека еден од најталентираните и најпродуктивните македонски писатели од времето на борбата за културна преродба, Григор Прличев не бил Македонец, туку Бугарин.
Поемата „Сердарот“ е најпознатото дело на Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема во Атина и ја добива наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.
Прашањето кое сега се поставува е дали и Григор Прличев ќе биде избришан од учебниците, согласно најавата на Заев за редефинирање на македонските учебници во кои „имало грешки“?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


