Охридската полиција ја привела директорката на „Сузуки“, фирмата која стопанистуваше со паркинзите во општина Охрид. Спроед првичните и неофицијални информации на прес24 директорката е уапсена поради узурпација на земјиште.
Пред два дена,актуелниот градоначлник на Охрид го раскина договорот со „Сузуки“ по укажувањата дека е финансиски штетен и полн со правни недостатоци, но и по многубројните поплаки од охриѓани и од туристи за високите цени за паркинг.
Полицијата за прес24 потврдиле дека имало апсење, но не откриваат повеќе детали.
Интересно е што и по прекинувањето на договорот, наплатувачите продолжија да земаат пари од паркираните возила на веќе слободниот паркинг. Исто како и по локалните избори, кога и покрај полициската „стража“, работници на компанијата успеаја меѓу две полициски смени да ги „насадат“ паркинг- рампите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


