Британецот Ед Ширан е еден од најпопуларните пејачи на денешницата. Има бројни хитови и заработува милиони. Меѓутоа Ед во минатото, мака мачел да стане она што е денеска, светска ѕвезда.
Тој со музиката професионално почнал да се занимава уште во 2005 година. Се преселил во Лондон и свирел по помали места. Потоа занимал во Лос Анџелес без претходен договорен ангажман. И таму свирел по помали места, а тогаш го забележале од каналот „Фоксхол“ во сопственост на Џејми Фокс и увиделе каков талент има тој.
Во 2011 година почнал да ја гради светската слава. Издал свое ЕП. Меѓутоа, истата таа година Ширан на Твитер објавил статус која дури сега привлекол внимание и кој покжаува дека Ширан имал проблеми.
-Дали е некој е во близина на „Луди ласици“ во Престон да ми даде шолја чај и да ми даде да се истуширам во замена за музичка мелодија- напишал Ширан на социјалната мрежа пред шест години.
После тоа Ширан ги импресионирал луѓето во еден клуб, а се останато е историја.
Тој сега има планетарна слава, освоил бројни награди, а неговите песни се исклучително слушани. Освен тоа се занимава и со хуманитарна работа. Секако неговата приказна е инспирација за многу луѓе ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)