| четврток, 6 декември 2018 |

Штипски театар со „Ричард трети“ на „Битола Шекспир фестивал“

На фестивалската програма на петтотот јубилејно издание на „Битола Шекспир театар“ беше претставата „Ричард трети“. Претставата е во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ , Театар Штип / Македонија, во режија на Пламен Марков.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Миле Вратеовски на денешната вели актерите и режисерот Марков имале одлична соработка.

– Огромна благодарност до целиот тим, до режисерот за феноменалната соработка, за овој исклучителен период на работа. Познавајќи го начинот на работа на професорот Пламен Марков инсистирав не само да се постави Шекспир во Штип, инсистирав да биде тоа човек кој најдобро го работи тоа, смета Вратеовски.

Актерската екипа на штипскиот театар нема традиција да го изведува Шекспир, но бугарскиот режисер Марков и покрај тоа смета дека публиката ќе види одлична театарска претстава.

– Баравме повеќе варијанти како да ја направиме претставата најдобра и сега спокојно можам да ја поканам публиката на цела Македонија да ја видат претставата, вели Марков.

Улогата на Ричард Трети ја игра актерот Иван Калшев, кој е роден во Скопје, а завршил во класата на режисерот Марков. Останатите улоги во новата претставата на штипскиот Народен театар ги играат Миле Вратеовски, Раде Рогожаров, Милорад Ангелов, Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Стојан Арев, Анѓелка Нашкова, Марија Минчева–Андонова, Елена Шорова–Дербов, Кристина Атанасова –Арсова, Валентина Ѓеоргиевска, Лазарчо Георгиев, Петар Јанев и Емилија Ристевска.

Сценографијата и коститмите се на Мира Коланова, a музиката е на Калин Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top