| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана книга „Паноптикум Шекспир“ во 3Д технологија (галерија)

Професионалци од Куклен Театар-Бјалисток, Полска денес во рамки на „Битола Шекспир фестивал“ одржаа работилница под наслов „Печат на твојата идеја“ и ја промовираа книгата „Паноптикум Шекспир“ подготвена во 3Д технологија.

IMG_4181

Според Луција Грезецчик и Изабела Марија Вилжевска изработката на кукли за театарските претстави во Бјалисток е со голема традиција и се темели на високото образование кое се стекнува на тамошната Академија за куклен театар.

IMG_4203 (1)

– Нашата цел е да ги разбиеме стереотипите за разбирањето на детскиот театар, а куклите и книгите изработени во 3Д технологија тоа мошне ефикасно го овозможуваат. Театарот во Бјалисток со својот потенцијал во текот на годината има посебен репертоар со куклени претстави и тоа публиката го сака. Важно е да се знае дека куклите се појавуваат и во претставите за возрасни како што тоа беше на синоќешната претстава „Монтеки и Капулети“, а така ќе биде и вечер за време на претставата „Хроника на принцот Х.“ на која преку кукла ќе биде прикажана главата на Јорик, познатата глава од Принцот Хамлет, истакна Грезецчик.

IMG_4228

Првиот дел на „Битола Шекспир фестивал“ завршува на 1 јули, а официјално ќе биде затворен на 25 јули кога во Битола ќе гостува Истанбулскиот градски театар со претставата „Дванаесетта ноќ“.

IMG_4233

– Неизвесноста и љубопитноста на публиката ќе продолжат, а и добро е што е така бидејќи претставите се следат со максимален број посетители. Гостувањето на актерите од Турција е заради услугласување на календарот на настапи на тој театар и исполнување на нивната голема желба да гостуваат на „Битола Шекспир фестивал“, посочи уметничкиот директор на фестивалот, Благој Мицевски.

IMG_4254

IMG_4267

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top