| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии од свадбата на кошаркарот Дамјан Стојановски

Кон средината на месец јули минатата година, младиот македонски кошаркар Дамјан Стојановски ја побара раката на неговата девојка, хористката Емилија Палашева, а изминатиот викенд и официјално запловија во брачните води.

На свадбената веселба, која се случи во еден скопски ресторан се собраа од спортисти до уметници, a меѓу присутните се најдоа и пејачките Маја Гроздановска-Панчева и Елена Петреска, кои наедно се колешки на невестата од МОБ.

Убавата Емилија блесна на својот голем ден во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, додека младоженецот се одлучи за елегантен црн костум.


За кулминација во забавата придонеле и неколку трубачи кои присутните не пропуштија да ги фотографираат и да ги објават на социјалните мрежи.

Инаку, за разлика од Дамјан, неговиот брат близнак и капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, се’ уште е на листата ергени.


Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top