| четврток, 6 декември 2018 |

Не излегувајте од дома, се спрема невреме

Во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во планинските предели, информира УХМР.

Оттаму посочуваат дека и утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови.

Според УХМР, периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури ќе продолжи.

– Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, времето ќе биде претежно сончево. Вдолж Поварадарието и во Пелагонија температурата ќе достигне до 40 степени, а не е исклучено во петок и сабота на места д до надмине и 40-иот степен, соопшти УХМР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top