| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската вицепремиерка Захариева не признава македонски јазик, говори за „искривување на историските факти“

Не е точно дека бугарската  вицепремиерка и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева нагласила дека „не гледа ништо спорно со признавањето на македонскиот јазик“.

Всушност, таа невешто го избегнува одговборот на директно прашање дали Бугароја го признава македонскиот јазик. Повикувајќи се на формулацијата од Декларацијата од 1999 година, каде стои дека Декларацијата ќе биде потпишана согласно јазиците на уставите на државите; таа сега вели Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и Уставот на Република Македонија, а македонскиот јазик е согласно уставот.

-Значи го признаваме македонскиот јазик?- гласи директното прашање кон неа, а таа повторува: „Македонскиот јазик е согласно Уставот, ние ја признаваме државата и нејзиниот Устав“, додава Захариева во тв интервју (од 12,00 до 18,10 минута во видеото).

Таа потоа се повикува на ставови на заевистичкиот клан, со пораки за вкнатрешна употреба, каде се посочува дека е потребно „самодоверба“ и дека нема потреба од „искомплексираност“ дека нема македонски идентитет, а потоа таа нагласува за „неосновано националистички“ тонови и „искривување на историските факти“, што ги пласира како нејзин став. Се разбира за жал нема да им е лесно, коментира Захариева.

Токму во делот на историјата и јазикот, бугарската вицепремиерка оценува дека бугарскиот придонесот на Кирил и Методиј е огромен, дека во Македонија се пишува на кирилица и дека кириличното писмо дека го дава идентитетот на многу држави, и никој, па ни Зоран Заев, тоа не го спори.

– На крајот јасно е кој ја дал глаголицата, потоа каде е создадена кирилицата, по нарачка на бугарската држава и од каде тргнува кирилицата низ словенскиот свет, вклучително и Русија. Тоа е признато од историчарите… Ние имаме самодоверба и не мислам дека некој може да ни го негира придонесот во однос на кирилицата и Кирил и Методиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top