| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс испадна, настрадаа рекетите (видео)

Ли На имаше поинаква среќа од Серена Вилијамс, се пласира во полуфиналето, иако и таа имаше свои „светли“ моменти на турнирот. Погледнете го сервисот на кинеската тенисерка што заврши во облаци.

Серена Вилијамс доживеа шокантна елиминација на Австралија опен од 19-годишната сонародничка Слоун Стивенс, испадна и во игра на двојки со сестра и Венус, па годинава нема да освои трофеј во Мелбурн. Тинејџерката Стивенс ја победи фаворитката со 2-1 во сетови и ќе го игра првото гренд-слем полуфинале во кариерата. Шокантниот пораз тешко и падна на Серена, а настрадаа рекетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top