| четврток, 6 декември 2018 |

Кога денот ќе се претвори во ноќ-силното невреме корнеше дрвја, летаа предмети

Силниот ветер и дожд предизвикаа големи проблеми во Словенија и Хрватска. Невремето прво го погоди јужниот дел на Словенија, а потоа и останатите делови од земјата, по што се премести во Хрватска. Ветрот, на одделни места, корнеше дрвја, поради што без затворени одредени патишта.

Во Крањ ветрот го откорна покривот на една куќа, кој потоа падна врз паркиран автомобил.

Во Марибор силниот ветер ги кршеше дрвјата и предизвика помала материјална штета.

Државните служби очекуваат во текот на денот да бидат отстранети сите дефекти.

„Јутарњи лист“ го пренесува предупредувањето на хрватскиот метеоролошки завод дека поради невремето се можни и поплави.

Невремето прво стаса во Загорје и Истра, а потоа се прошири на Кварнер. Посебно драматично било во Новиград, каде облаците целосно го помрачиле небото. Фотографиите објавени на Истрамет, посебно онаа на Леонард Бериша „зборуваат“ степенот на невремето и како изгледа кога облаците ќе го претворат денот во ноќ.

Во Пореч летале реклами, столици, олуци, маси, тенди и чадори од плажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top