| четврток, 6 декември 2018 |

После банкротот, Борис Бекер го снајде уште една неволја?

Откако еден од најбогатите тенисери, минатата година прогласи банкрот, британскиот лист Сан, објави дека Бекер, наводно се разведува од сопругата Лили. Крајот на бракот многумина го поврзуваат со финансиските проблеми кои го снајдоа Бекер, но неговите пријатели тврдат дека брачната криза на поранешниот тенисер започнла многу порано.

Британскиот Сан, пишува дека Бекер се повеќе време поминува во родната Германија и тоа без сопругата со која семејниот живот го изгради во Лондон.

Веста за разводот Борис Бекер ниту ја потврди, ниту демантира, но се огласи на Твитер по повод роденденот на Лили.

-Среќен роденден, љубов моја- напиша Бекер.

Се чини дека британските медиуми овојаат не беа во право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top