Откако неодамна и службен прогласи банкрот, трикратниот освојувач на Вимблдон, Борис Бекер останува и без својот имот.
Бекер имаше големи деловни утки во минатото. Тој се обиде да инвестира заработените 100 милиони евра во сомнителна работа со нафтена компанија од Нигерија.
За време на својата тениска кариера, според проценките, тој заработи околу 53 милиони евра, а неговиот долг изнесува 61 милион евра.
Поради ова, во тек е продажбата на неговиот имот која ги вклучува и неговите трофеи, а претходно му беа одземени и четири исклучително вредни часовници.
Бекер работи какоо шеф на секторот за тенисери во Германскиот тениски сојуз, а неговата плата не е доволна да ги врати сите долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.